Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени во бессознание во нивниот дом

Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка Уна, преживеале пекол викендов, ноќта помеѓу сабота и недела, пишува „Блиц“.

Имено, во куќата каде Николина живее со нејзиниот сопруг, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ и нивната ќерка Уна, пукнала цевка за гас што обезбедува згреење и Николина и нејзината ќерка се отруле со јаглерод моноксид.

Instagram
Instagram

Сè се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Николина околу 20.00 часот разговараше со Видоје, кој мораше да дојде во Белград поради работа, му рекла дека биле на прошетка во градот со нивната ќерка и дека гледаат филм и одмараат. Потоа Николина му се јавила на сопругот околу еден часот по полноќ велејќи дека Уна повраќа и има силна главоболка, како и дека и самата не се чувствува најдобро. Видоје ги советуваше веднаш да одат на лекар и Николина го послуша“, открива извор близок до водителката.

Instagram
Instagram

Кога нејзиниот сопруг ѝ се јави неколку минути подоцна, Николина не одговараше. Видоје веднаш се јави на неколку пријатели да отидат до нивната куќа и да проверат што се случува со Уна и Николина. Меѓутоа, кога пријателите пристигнале пред куќата, слушнале само дека кучињата лаат, но никој не ја отварал вратата. Потоа, ја скршиле вратата и ја виделе Николина која лежела на подот во бесзонание. Тие веднаш повикале полиција и брза помош, а штом пристигнале на местото, сфатиле дека цевката што пукнала, поради градежни зафати, предизвикала труење со гас. Со возило на брза помош веднаш биле пренесени во болница. Николина излезе од болница дури денес, додека Уна сѐ уште е на детската клиника. Пожарникарите измериле дека дозата на гас во куќата во тоа време била седум пати поголема од дозволената“, додава изворот.

Instagram
Instagram

Засега, познатата хрватска водителка не го потврдила ниту негирала ова случување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот