„Водам здравствена битка“: Адел ги одложи следните 10 концерти во Лас Вегас

Адел на првиот концерт од серијата концерти „Викенди со Адел“ во Лас Вегас / 18 ноември 2022 / Фото: Инстаграм/Адел

Британската пејачка Адел (35) објави дека ги одложува следните десет концерти од нејзиниот проект во Лас Вегас бидејќи има здравствени проблеми. „За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

„Бев болна пред и за време на целата пауза. Не добив шанса да се опоравам пред да продолжат концертите и сега повторно сум болна, што за жал влијае на мојот глас“, објаснила пејачката.

Нејзиниот лекар ѝ сугерирал да ги откаже концертите со цел да ги спаси гласните жици.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Пејачката на своите следбеници им порача и дека ги сака, дека ќе ѝ недостигаат и дека ѝ е жал за откажувањето. По објавата, таа повторно беше поддржана од нејзините верни фанови.

„По 80 настапи, ти заслужуваш одмор“, „Тој ангелски глас мора да се врати, чувај се“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Адел го започна нејзиниот концертен серијал „Викенди со Адел“ на 18 ноември 2022 година, а беше планирано да заврши на 15 јуни годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот