Во земјава веќе има премногу пензионери, а премалку вработени, вели Симовски од ДЗС

Пензионери на кејот на Вардар во Скопје Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат рече дека пописот покажал оти соодносот помеѓу вработеното население и бројот на пензионери во земјава не е на потребното ниво, кое би овозможило мирни и обезбедени пензиски денови за следните пензионери.

„Бројките покажуваат дека соодносот помеѓу она население коешто е во економска функција и она коешто е издржувано е тука некаде. Теоријата вели дека за да се издржува еден пензионер, треба четворица да работат. Кај нас, околу 700 илјади е бројот на активните луѓе, коишто работат, а некаде околу 400 илјади се пензионери. Ни оддалеку немаме таков сооднос…“, вели Симовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот