Во украинскиот град на духови, една мала цвеќарница ги отвора вратите секој ден: Трошка надеж!

Ангела Калисник
Ангела Калисник / Фото: Принтскрин/Твитер

Голем дел од претприемачите ги затворија своите продавници и побегнаа од украинскиот град Миколајив, но цвеќарката Ангела Калисник сè уште продава лалиња и рози недалеку од бојното поле.

„Никој не знаеше дека ќе има војна, знаевме дека има борби во Донбас, но ние сè уште си работевме, работевме и за време на пандемијата. Иако има војна, цвеќињата почнаа да цветаат во нашата покраина и срамота да ги фрлиме“, вели 25-годишната Калисник, пренесува „Индекс“.

Можеби надвор, во градот војниците се борат против руските агресорски сили, но, внатре во цвеќарницата на Ангела, на полиците се наредени шарени букети и покрај целата воена ситуација, како што вели, има муштерии.

Пред неколку дена случаен минувач свратил да купи цвеќе за жена која му го нашла и му го вратила изгубениот паричник. Бројни  војници поминале да купат цвеќе за своите сакани на Денот на жената, открива Калишник, додавајќи дека ја затворила цвеќарницата една недела откако Русија ја нападна нејзината земја на 24 февруари, но одлучила повторно да ја отвори.

„Војната е војна, но луѓето продолжуваат да живеат, да слават родендени. Треба да ги расположиме луѓето и да ја одржиме економијата“, вели таа.

За Русите нема цвеќе

Русите пред неколку дена го бомбардираа Миколајив, кој е на пат кон стратешки важниот пристанишен град Одеса на брегот на Црното Море, оддалечен приближно 130 километри. Но, Украинците успеаја да го одбијат рускиот напад, вели гувернерот на провинцијата Виталиј Ким, додавајќи дека тие ја добиваат битката.

„Тие не очекуваа толкав отпор, мислеа дека ќе ги пречекаме со цвеќе“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот