Во тетовско младите заминуваат, старите и немоќни нема каде оти градот е без старечки дом

Фото: Слободен печат/Архива

Здружението на пензионери Тетово брои над 13 000 членови, но поголем дел од нив особено тие кои останале сами, чии деца заминале во западно – европските земји немаа каде да се сместат оти во Тетово нема Дом за стари лица.

Од Здружението на пензионери Тетово, велат дека има болни на кои им е неопходна нега, па на нив одвреме навреме внимаваат и ги чуваат нивните пријатели и соседи. Но токму за овие лица е потребна постојано нега. Приватните домови велат од здружението не можат да си ги дозволат, затоа што се работи за пензионери претежно со ниски примања.

Во тетовското Здружение на пензинери има капацитет за згрижување на 11 стари лица, но само е згрижен еден нивен член. Собите кои ги имаат немаат услови за сместување, а здружението нема пари да ги реновира.

„Немаме средства да ги реновираме собите. Ако се појави некој приватен инвеститор или ако помогне државата или општината за реновирање на собите, тоа би бил одличен потег. Ќе обезбедиме дом за уште 10 лица, кои тука би престојувале по многу симболична цена. Ако се оспособат сите соби, ќе се вработи управител да се грижи и да менаџира со тие прострии, па потоа ќе се купи возило, и со тоа возило ќе се носат станарките и станарите до лекар. Ние исто тука имаме и лекар кој доаѓа два пати во месецот и на пензионерите им врши бесплатни здравствени прегледи“, вели Селвер Мемети од Здружението на пензионери Тетово.

Оттаму велат дека имаат предлог до локалните самоуправи да помогнат во нивно реновирање и опремување, но сѐ уште истиот никој не го прифатил.

„Таа идеја само како идеја постои подолг период. Ние инсистираме на изградба на пензионерски дом за да прифатиме поголем број на пензионери. Затоа што сега младите одат во странство, старите ги оставаат дома нема лек кој да има купи“, додава Мемети

Здружението на пензионери Тетово е едно од поголемите во државата. Но, градот под Шара е еден од градовите пак кој не нуди никакви услови за прошетка и релаксирање на тетовските пензионери. Велат дека Тетово е непрепознатлив во споредба со пред две децении, градот е буквално претворен во бетонска џунгла. Надлежните мора повеќе да обрнат внимание на проширување, а не намалување на зелените површини.

„Што се однесува за место за прошетка и одмор, за жал Тетово се претвори во една бетонска територија каде што тие зеленила кои ги имаше во минатото, се претворија во градби. Ние создадовме минимални услови да го уредиме нашето дворче, поставивме и клупи, но рак рана на тој дел е локацијата за контејнерите кои се до паркот и тие создаваат смрдеа, дека сметот не се собира редовно и пензионерите не можат да уживаат во овој амбиент. Апелирам локалната самоуправа да се залага да создаде места, каде пензионерите ќе можат да го поминат времето на чисто место. Замолуваме да водат сметка за екологијата“, велат од Здружениеето на пензионери Тетово.

Во Тетово и тие мали зелени површини кои останаа од некогашниот спортски центар не се оддржуваат. Тревниците се запустени и обраснати со трева и преполни со разни отпадоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот