Во тешка сообраќајка ноќеска загина кошаркарската легенда Буштур

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Кисела Вода загина легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур, дознава „24 Инфо“.

Според првичните информации, Георгиевски управувал со автомобил и поради лизгавиот коловоз излизгал и удрил во бетонски блокови. Починал на местото на несреќата.

Полицијата изврши увид, а утрово се очекуваат повеќе детали.

Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври 1950 година во Скопје. Речиси целата кошаркарска кариера, популарниот Буштур ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лига. Најголемиот успех на Георгиевски и Работнички е пласманот во полуфиналето на Купот на победниците на Куповите.

Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија кога на Балканијадата во Ријека во 1970 година го освои златниот медал. За време на младинското Европско првенство во Атина, нашиот кошаркарски великан го освои четвртото место. Една година подоцна беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде го освои сребрениот медал.

Георгиевски беше учесник и на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржаа во Монтреал, кога како дел на репрезентацијата на тогашната СФР Југодлавија го освои сребрениот медал.

По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер, тој беше и селектор на македонската сениорска репрезентација. Беше член на Управниот одбор и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, претседател на олимпискиот совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја. Член е на Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет од 1997 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот