Во светот веќе има над еден милион заболени од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија.

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers”.

Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија.

Само во изминатите 24 часа, во САД се пријавени 20.744 случаи, што го зголеми бројот на заразени на 235.747. Во САД денеска се пријавени 518 жртви, а вкупно починале од вирусот 5.620.

Во Италија се заразени 115.224 лица, 13.915 починале, во Шпанија 110.238 се разболеле и 10.096 ги загубиле животите.

Германија следува со 84.264 пациенти и 1.074 смртни случаи, додека Кина е на петтото место со 81.589 заразени и 3.318 жртви.

Меѓу првите десет земји по број на заразени се Франција со 59.105 заразени и 4.503 починати, Иран со 50.468 и 3.160 починати, Велика Британија со 33.718 пациенти и 2.921 починати, Швајцарија со 18.827 заразени и 536 починати и Турција со 18.757 заболени и 356 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот