Во спомен на загинатите мировници во хеликоптерската несреќа министерката Шекеринска положи венец

Министерката Шекеринска положи венец со свежо цвеќе во спомен на загинатите мировници/Фото: МО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето кај Катлановско Блаце во спомен на 11-те припадници на Армијата кои пред 14 години загинаа во хеликоптерската несреќа враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА.

Во хеликоптерската несреќа животите ги загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и  Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

На спомен-обележјето свежо цвеќе положи и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, како и делегации од кабинетот на Претседателот, општината Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, Првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ положија свежо цвеќе на спомен-обележјето пред командата во касарната ,,Страшо Пинџур”  во Петровец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот