Во сообраќајка со полициско возило повреден 66-годишен скопјанец

Полиција/ Фото: Архива на Слободен печат

На 16.05.2022 околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Македонско-косовска бригада” со улица „Џон Кенеди” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“, сопственост на Министерство за внатрешни работи на Македонија и патничко моторно возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф”, Н.Б.(66) од Скопје, констатирани во градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Еден загинат во стратотна сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот