Во Соње обесена верверичка бидејќи јадела ореви

Вознемирувачки фотографии беа објавени попладнево на социјалните мрежи, од верверичка обесена на дрво, бидејќи му ги јадела оревите на човекот кој живеел во близина. Фотографијата е направена во Соње, во населбата Млака, улица 9.

Фотографиите станаа вирални откако на фејсбук беа споделени од профилот на Маја Арсовска.

  • Ве молиме престанете да се однесувате како примитивци во 2020 година! Сме се родиле со памет и срце за да бидеме грижливи и емпатични спрема другите битија со кои ја делиме Земјава. Не сме само ние на овој свет и не ни припаѓа само на нас. На крајот на денот навистина, колку кила ореви може да изеде една верверичка?, реагираа на објавата од здружението за заштита на животни Анима Мунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот