Во соблекувалните во салата во „Градски парк“ мириса како некој да умрел во нив (ВИДЕО)

Салата во која своите натпревари ги игра најтрофејниот македонски кошаркарски тим, Работнички, е во „главната улога“ вo видеото кое се појави на социјалните мрежи, но поради лоши критики.

Имено, пред две години во Скопје пристигна тимот од ЈБА лигата чиј сопственик е Лавар Бол, таткото на НБА играчот Лонзо Бол, а кошаркарите во видеото зборуваат за непријатното искуство кое го имале во салата во „Градски парк“.

Тимот од САД одигра пријателски натпревар со Работнички, но во видеото кое го објави кошаркарот на Њу Орлеанс, Лонзо Бол, главен акцент беше ставен на лошите услови во соблекувалните.

Играчите во видеото зборуваат за ужасната смрдеа која ги затекнала во соблекувалните, односно како што велат, мириса како некој да умрел во нив.

„Тука е минус шест степени, нозете ми смрзнаа“, „Кога влегов во соблекувалната, бев исплашен“, „Ова не може да е вистина, брату“, „Дали се тоа пајаци“, „Сме била на многу места, оваа сала е една од најлошите“, „Излегувам од тука“ се дел од коментарите на кошаркарите кои беа изненадени од состојбата која ги затекна во просториите на Работнички во скопскиот Градски парк.

Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lonzo Ball (@zolimits) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот