Во Слупчане ќе никне споменик на ОНА вреден 200.000 евра

Спомен кула во Слупчане ќе никне во чест на ОНА од 200 000 евра. Општина Липково, договорот за изградба го склучила минатиот месец, а вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки. Спомен кулата ќе ја гради фирмата „Хоџа инженеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра, пренесе Фокус.

Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето, на 2 мај годинава, на 20-годишнината од воениот конфликт,лидерот на ДУИ, Ахмети положи свежо цвеќе и вети дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.

-Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен, рече Ахмети.

Градоначалникот на Липково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.

Видео на денот