Во Скопје ќе се соберат економски и финансиски експерти од цел свет: Ќе се бараат решенија за економско заздравување и раст после ковид

Фатмир Бесими / Фото: Министерство за финансии

Министерството за финансии во понеделник и вторник во Скопје ја организира Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“ во рамки на „Економски и финансиски форум“.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии, Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат две панел-дискусии на коишто високи претставници треба да ги претстават своите видувања на темата, а нивните излагања треба да дадат одговори на клучни прашања – како можат политиките најдобро да го поддржат растот; кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува; кои фискални и монетарни мерки им помогнаа на бизнисот и на работните места; како и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.

Покрај претставниците од Владата, домашни екепрти и амбасадори во нашата земја, на панел дискусиите во текот на два дена ќе учествуваат Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ендру Вајт од Оксфордскиот универзитет, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Дена, потпретседателот на ЕБРД Јурген Ригтеринг, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија, Нарине Сахакјан и Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа.

Оваа конференција треба да ги постави темелите и во иднина да прерасне во конференција со традиција и силно влијание во регионот и во Европа, велат од Министерството за финансии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот