Во штипскиот ковид центар слободни 32 кревети

Фото: EPA-EFE/Brian van der Brug / POOL

Во штипскиот ковид центар, по неколку месеци е намален бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови. Слободни кревети има за 32 пациенти.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, вели дека на Инфективното одделение имат 36 пациенти, а на Одделот за анестезиологија имаат тројца пациенти. Оздравени се пет и примени четворица нови пациенти. Над половина од пациентите се на кислородна поддршка и тоа говори дека нивната здравствена состојба е тешка. Битката со коронавирусот ја загуби 72-годишна жена од Пробиштип.

Деновиве, во здравствените билтени, општините од источниот регион се со намалени бројки на новозаразени, а инфектолозите се надеваат дека граѓаните ги почитувале мерките и по неколку дена нема да имаат наплив на пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот