Во Русија најмногу починати за еден ден од почетокот на пандемијата на ковид-19

epa-efe
Жена со заштитна маска поминува покрај улична уметност во Москва, инспирирана од пандемијата со коронавирусот во Москва / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Русија денеска е поголем од 1200 втор ден по ред, додека бројот на новозаразени опаѓа, но сепак е поголем од претходниот бран на пандемијата.

Руската државна оперативна група за коронавирусот соопшти дека 1251 лице починале од ковид-19 во претходните 24 часа, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата во март 2020 година.

Претходно, најголем број починати беа регистрирани вчера – 1247.

Во последното деноноќие има 37 374 новозаразени лица, соопшти кризниот штаб во Москва.

Здравствените експерти причини за најновиот пораст на инфекции и смртни случаи ги наведуваат ниската стапка на вакцинација и непочитувањето на епидемиолошките мерки.

Помалку од 40 отсто од скоро 146 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани, иако земјата ја одобри домашната вакцина против ковид-19 месеци пред сите останати во светот.

За да ја зголеми стапката на имунизација, руската Влада најави дека од следната година ќе стапат во сила нови рестриктивни мерки.

Тие предвидуваат пристап до многу јавни места, како и домашните и меѓународните возови и летови, да имаат само целосно вакцинирани лица и оние кои прележале ковид или се медицински ослободени од вакцинација.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот