Рибарница - Риби - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Рибарница - Риби - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Во рибниците лани се произведени 1.175 тони пастрмка

Се намалува производството на риба од аквакултура, но и уловот

Рибници, базени и канали и кафези се користат за да се произведе домашна риба во контролирани услови. Најмногу од нашето производство има пастрмка. Минатата година во рамките на аквакултурното производство се произведени 1.175 тони пастрмка.

Државниот завод за статистика објави дека вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесуваа 1.992 тони, што претставува намалување од 19,5 проценти во споредба со претходната година. Производството од аквакултура во 2025 година изнесува 1.847 тони и бележи намалување за 21 проценти во споредба со 2024 година. Намалена е и количината заловена риба, лани се уловени 145 тони риба, што е за 5,1 проценти помалку отколку во 2024 година.

Во 2025 година, во секторот Рибарство и аквакултура имало вработени 278, од кои 129 во аквакултурата и 149 во рибарството.

Со рекреативен риболов се занимавале 8.503 лица, од кои само70 биле жени.

Во однос на најатрактивната охридска пастрмка и белвица, од март почнаа да се издаваат дозволи за рекреативен риболов. Дозволите предвидуваат рекреативен риболов со блинкер на влечење од чамец, и тоа само во неделите и за државните празници во периодот кога е дозволен риболов, почнувајќи од 8 март до 11 ноември годинава, кога започнува целосната забрана за риболов на тој вид риба. Дневната дозвола чини 1.500 денари, додека лица со потврда за инвалидитет ќе плаќаат половина од цената. Во согласност со законските одредби, заловената риба треба да се контролира и да се мери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот