Во рамките на фестивалот “Музика од светот” во Битола гостува Лајбах

Фото: Слободен печат

Од 23 до 25 декември Битола ќе биде домаќин на јубилејниот 15 по ред фестивал “Музика од светот”.

Според директорката на Центарот за култура, кој е организатор на овој фестивал, Маја Андоновска -Илиевски во Битола се е подготвено за одржување на овој фестивал, со кој Битола се вбројува во градовите кои го слават жанрот на светската музика.

На годинашниот фестивал Центарот за култура за љубителите на музиката ќе понуди аудитивна авантура на светската музика, токму од срцето на Битола.

„Програмата на ова издание е прослава на универзалниот јазик на музиката од светот“, изјави Маја Андоновска Илиевски, на денешната прес конференција, која за в сабота го најави концертот на групата Лајбах.

Цената на билетите за концертот на оваа контраверзна група изнесува 1.200 денари.

Инаку фестивалот ќе почне со промоција на првиот самостоен албум на Горан Таневски,а во рамките на фестивалот покрај неколкуте други музички настани ќе се одржи и изложба на грамофонски плочи од колекцијата на Петар Ставрев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот