Во првиот квартал 9.075 слободни работни места, најбарани услужните дејности и продажбата

Фото: Принтскрин

Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места изнесува 1,81 процент.

Во првиот квартал годинава во државава се регистрирани 9.075 слободни работни места, од кои според дејности најголемиот се во преработувачката индустрија, 2.482.

Како што објави Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места изнесува 1,81 процент.

Највисока стапка на слободни работни места во износ од 4,1 процент има во секторот административни и помошни услужни дејности, а најмала е стапката во секторот образование, каде изнесува 0,47 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,22 проценти. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, од 2,80  проценти.

Според занимања, најмногу слободни работни места, односно 2 878, има во петтата група занимања ‒ работници во услужни дејности и продажба. По нив следат 1.668 техничари и сродни занимања,  па 1.263 кај групата елементарни занимања, 1.058 ракувачи и составувачи на машини и постројки. Регистрирани се и 720 слободни работни места од занимањето службеници, 609 во групата стручњаци  и научници. Има и 34 слободни работни места во групата занимања членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.

Гледано по дејности, статистиката евидентира најмногу слободни работни места 2.482 во преработувачката индустрија, по што следат трговијата на големо и трговијата на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.695, па административните и помошните услужни дејности со 933. Во градежништвото треба да се пополнат 803 работни места, во дејноста транспорт и складирање 569, објекти за сместување и сервисни дејности со храна 419,…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот