Во пресрет на празниците се зголемува бројот на ПЦР тестирања -до 7. април ПЦР тест во Никоб Лаб е 1.000 денари

Никоб Лаб одбележа едногодишен јубилеј, период за кој беа направени 500.000 приеми во лабораторија. По повод роденденот, од први до седми април цената на  ПЦР тестовите е 1000 денари.

– Најактуелни тестирања изминатиов период беа тестирањата за ковид-19. Според бројките, лидери сме во бројот на тестирања, а тоа е благодарение на брзата и лесно достапна услуга која ја добиваат граѓаните и тоа по најниски цени. Тоа придонесе да искреираме позитивно мислење кај јавноста меѓутоа и да влијаеме во креирање на пазарната цена на овие услуги. За една година имаме реализирано повеќе од 500.000 приеми во лабораторијата. Направени се повеќе од 280.000 ковид – 19 тестирања од кои  150.000 се  ПЦР тестови. Исто така имаме мобилни тимови за земање на материјал во домашни услови и работни простории, рече денеска во Утрински брифинг директорката на Никоб Лаб, доктор специјалист субспецијалист Татјана Баевска -Вучковиќ.

Во пикот на пандемијата имале и по неколку илјади тестирања дневно, а очекувањата се бројот на тестирања да се зголеми и во пресрет на Велигденските празници и летните одмори.

– Присутни сме на девет локации во државата за да ја доближиме нашата услуга до сите граѓани бидејќи реално граѓаните од внатрешноста имаат лимитиран пристап до овие услуги. Во периодите кога омикронот и делта  сојот беа многу актуелни една третина од тестирањата беа позитивни затоа што најголем дел од граѓаните  се тестираа поради симптоми или контакт  со позитивен. Периодов намален е бројот на позитивни случаи, односно најголем дел од тие што се тестираат се негативни, рече д-р Вучковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот