Во Премиер лигата се враќаат и гостинските навивачи на трибините!

epa08882477 Fans of Arsenal attend the English Premier League soccer match between Arsenal FC and Burnley FC in London, Britain, 13 December 2020. EPA-EFE/Catherine Ivill / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Како дел од олеснувањето на мерките во Англија од 17 мај, уште од претходно беше објавено дека на навивачите ќе им биде дозволено да доаѓаат на стадионите во последните две кола од Премиер лигата.

Како што беше планирано, до 10.000 навивачи ќе можат да ги следат натпреварите од последните две кола во Премиер лигата, во зависност од капацитетот на стадионот.

Првичниот договор беше да не се дозволува доаѓање на навивачи на гости, но медиумите во Англија во петокот напишаа дека извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, ќе им предложи на клубовите мала промена на овој договор.

Идејата на Мастерс е да дозволи пристигнување до 500 навивачи на гости во завршницата од сезоната. Мастерс им пиша на сите клубови да ги известат за промената и да го слушнат нивниот одговор.

– Владата нè извести дека, во согласност со новото олеснување на ковид мерките, планира да го смени правилото за забрана за доаѓање на навивачи на гости на стадионите за последните натпревари од сезоната. Враќањето на навивачите и конечно полните стадиони се секако наша цел и затоа сметаме дека би било добро да ја прифатиме можноста да им дозволиме на гостинските навивачи да дојдат колку што е тоа можно.

Во согласност со тоа, ние предлагаме да се издвојат пет проценти од дозволениот капацитет за гостински навивачи, а максимум 500 места за натпревари во 37 и 38 коло од Премиер лигата, притоа почитувајќи го ограничувањето на цената од 30 фунти – напиша Мастерс.

Финалето во Купот на Италија со навивачи на трибините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот