Во паркот кај Основниот суд во Берово: Споменик на четворицата загинати бранители од тој крај во конфликтот во 2001 година

Фото: mia.mk

Во Берово ќе се гради споменик на четворицата бранители кои загинаа во конфликтот во 2001 година. За таа цел како што информираа од Општината во тек е јавен конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележјето.

– Претходно за таа прилика беровскиот Совет има донесено одлука од 15.12.2020 година за подигнување на спомен-обележје на четворицата бранители (Зоран Бубевски, Николчо Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски) од општина Берово кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година. Во рамки на јавниот конкурс за изработка на идеен проект за изградба на споменикот ќе бидат запазени одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата и програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја, истакнаа од Општина Берово.

Спомен обележјето, како што додадоа, е планирано да се подигне во паркот кај Основниот суд Берово.

– Идејниот проект треба да содржи опис на видот и содржината на спомен-обележјето, податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење, основни елементи за текстот што би бил истакнат на спомен-обележјето, порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен обележјето, потребна документација и прилози што треба да ги содржи идејниот проект, како проектна документација, пресметковна вредност на спомен-обележјето и друго, додадоа од Општината.

Право на учество на јавниот конкурс кој ќе трае до 19.2.2021 година имаат домашни и странски физички и правни лица. За останатите детали надлежните ги упатија заинтерсираните да ја посетат општинската веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот