Во Париз пред 28 години беше потпишан Дејтонскиот мировен договор

Дејтонскиот мировен договор е потпишан на 21 ноември 1995 година

На денешен ден, пред 28 години, во Париз беше потпишан мировниот договор за Босна и Херцеговина, познат и како Дејтонско-Париски договор.

Договорот го потпишаа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман од Хрватска и претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ.

Тој документ со кој беше потврден мировниот договор претходно постигнат на 21 ноември во американската воена база Рајт Петерсон во градот Дејтон, Охајо, заврши војната во Босна и Херцеговина (1992-1995).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот