Во овие три хороскопски знаци се раѓаат најлошите свекрви

Фото: Профимедиа

Односите помеѓу снаите и свекрвите се многу често далеку од тоа што може да бидат. Секако, постојат исклучоци, но многу почесто се зборува за затегнати врски, завист, непочитување, па дури и омраза помеѓу двете најважни жени во животот на еден маж.

Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, но некои од нив секогаш сакаат да бидат на прво место, дури и кога нивниот син ќе се ожени. Подолу ви претставуваме три вида на најлоши свекрви според хороскопските карактеристики.

Бик

Таа секој ден ќе ткае невидлива мрежа околу вас, од која нема лесно да излезете. Буквално ќе го пика носот секаде. Таа нема да се двоуми да дели совети за храна, облека, пари. Ќе ви зборува дека сака се што сакате и вие, а потоа, зад грб, ќе зборува дека немате вкус. Таа е неописливо тврдоглава и не попушта ниту милиметар. Сè што треба да направите е да се надевате дека нејзината сила ќе трае пократко од вашата трпеливост.

Фото: Профимедиа

Рак

Под сликата на нежна мајка се крие една од најстрашните свекрви во Зодијакот. Навистина нема шеги со неа. На оваа свекрва не треба да и замерувате за ништо. Ако не се согласите да играте според нејзините правила, таа ќе ве присили, бидејќи се работи за нејзиниот син, кој не смее да биде допрен. Единствениот начин да имате добра врска со свекрва која е Рак во хороскопот е да и се вовлечете под кожата и да ја добиете нејзината доверба. Откако ќе го направите тоа, нема да имате повеќе проблеми со неа.

Фото: Профимедиа

Риба

Ако вашата свекрва е Риба, тогаш вие сте во вистинска невоља. Таа толку многу го размазила својот син што секогаш ќе очекува и вие да се грижите за него како да сте негова мајка. Значи, доколку споделувате простор за живеење со неа, ќе мора да станете нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и хармонично, а на нејзиниот син не смее да му недостасува ништо. Ако и замерите, ќе зажалите вистински. Поради сето ова, свекрвата во знакот на Риби се смета за најлошата можна свекрва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот