Во оваа европска земја можете да добиете казна од 200 евра ако гласно зборувате на телефон
Во Франција се посветува сè поголемо внимание на контрола на бучавата во јавниот превоз, а неодамнешен случај во Нант покажува колку сериозно властите го сфаќаат почитувањето на мирот на патниците. Маж бил казнет со 200 евра затоа што на железничката станица разговарал преку звучник на телефон, што го привлекло вниманието на вработените, пренесува „Пункуфер“.
Препорачано
Тој разговарал со својата сестра користејќи звучник додека чекал воз на станицата во Нант. Тогаш го застанала службеничка на француските железници SNCF и го замолила да ја намали јачината на звукот.
Иако бил предупреден дека ќе добие казна од 150 евра, тој мислел дека станува збор за шега, одбил да плати, па казната подоцна била зголемена на 200 евра. Сега ангажира адвокати за да го оспори обврзувањето за плаќање.
Иако во Франција не постои закон кој директно забранува разговор преку звучник на јавни места, постојат јасни правила за контрола на бучавата. Францускиот сообраќаен кодекс предвидува казнување на оние кои користат уреди или инструменти за да го нарушуваат мирот на другите во простории за јавен превоз. На пример, дури и гласен разговор на телефон без звучник на француските железници може да доведе до казна од 60 евра.
Во модерниот свет се сè почести случаи кога луѓето гласно телефонски разговараат на јавни места или гледаат видеа без слушалки. Прашањето е дали таквото однесување треба строго да се забрани и казнува.


