Во осумдесетите мажите лудуваа по неа, а таа сега се сврши со долгогодишната девојка (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Британската поп-ѕвезда и секс-симбол од осумдесетите, Саманта Фокс отсекогаш мамела воздишки кај мажите ширум светот.

За време на нејзиниот престој во „Celebrity Big Brother“, призна дека ја привлекувале жени и поради тоа „скрши“ многу машки срца.

– Љубовта е поголема од било што и не можеш да бираш во кого ќе се заљубиш – рече тогаш Саманта, во периодот кога се заљуби во својата долгогодишна девојка Мири Стратон. Заедно поминаа 12 години, но пред четири години Мири ја изгуби битката со ракот и почина.

Сепак, 53 годишната Саманта среќата ја пронајде во осум години помладата Норвежанка Линда Олсен, со која и се вери сега.

– Саманта и Линда се многу среќни и сакаат остатокот од животот да го поминат заедно. Вљубени се и сакаат тоа да биде официјално – открил извор за „The Sun“.

Поради пандемијата од коронавирусот, тие одлучиле свршувачката да ја одложат на неодредено, но уште од сега се „шушка“ за можен датум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот