Во организација на „Розе кадилак“ швајцарскиот бенд „Тут блу“ ќе одржи концерт во МКЦ
Швајцарскиот бенд „Тут блу“ (Tout Blue) ќе одржи концерт во Скопје на 22 октомври, во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток во 21 часот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Групата „Тут блу“ започнала со работа како проект на мултиинструменталистката Симон Обер, а денес е квартет во кој уште членуваат Лучано Турела (виола), Беатриз Раимундо (виолончело и ефекти) и ПОЛ (електроника и семплирање).
„’Тут блу‘ ја слават слободата на звукот и просторот без ограничувања и компромиси. Се карактеризираат со силен ритмички пулс, хипнотични гудачи и етеричен вокал со надреална димензија што трепери помеѓу шепот и крик. Нивната музика создава звучен пејзаж што се протега од кревка акустика и суптилни мелодии до експресивни електронски и пост-панк текстури. На сцената, оваа четворка вибрира како едно тело, истовремено ранливо и моќно, во интимен ритуал што повикува на движење и транс“, најави организаторот „Розе кадилак“.


