Во октомври ќе посведочиме редок феномен: Последен пат се случи за време на Втората светска војна

Фото: Принтскрин

На Ноќта на вештерките, на 31 октомври оваа година, sвездите на небото ќе изгледаат поинаку од вообичаено, бидејќи ќе бидат осветлени од т.н. Сина месечина.

Овој редок феномен се повторува на секои две до три години. Секако, тука не станува збор за тоа дека Месечината сјае сино, туку за полната Месечина, кога нејзината орбита е поблиску до Земјата од вообичаеното, односно изгледа малку поголема и е за 30 проценти посветла од „обичната“ полна Месечина.

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сината месечина значи дека ќе се појават две полни месечини во еден месец, што годинава ќе се случи на 1 и 31 октомври.

Космичкиот приказ се случува седум пати на секои 19 години, што значи дека следниот пат кога ќе ја видиме оваа појава е на 31 октомври 2039 година. Но, она што е уште поинтересно е дека Сината Месечина ќе биде видлива низ целиот свет, феномен што се случува првпат по Втората светска војна.

Фото: Unsplash

Идејата за „Сина месечина“ како втора полна месечина за прв пат беше спомената во списанието Скај и Телескоп во 1946 година.

Во една статија под наслов „Еднаш во сина месечина“, Џејмс Хју Пруит се осврна на приказната од Амана Мејн Фармер од 1937 година за тој феномен, давајќи поедноставна дефиниција.

„Седум пати во 19 години имало – и сè уште има – 13 полни месечини годишно. Тоа дава 11 месеци со една полна месечина и еден месец со две. Оваа втора полна месечина во рок од еден месец, како што ја толкувам, беше наречена Сина Месечината, но тоа не значи дека ќе свети сино“, напиша тој.

„EarthSky“ забележува дека условите на небото мора да бидат совршено „усогласени“ и да имаат големи честички прашина или чад за да ја рефлектираат нијансата, што значи дека непредвидливо  е кога ќе се појави сјајот карактеристичен за Сината месечина.

Патем, 2020 година има уште еден редок феномен: Оваа година ќе има вкупно 13 полни месечини на небото, за разлика од други години, кога сме сведоци на 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот