Во ниту еден момент од нас не се бараше тајминг за одржување на избори туку протокол, тврди Филипче

Фото: Архива

Епидемиолозите имаат сериозен проблем посебно со зимање податоци и во однос на тоа тешко се пристапува до семејството кое одбивало контакти со нив, така и за организација на погребот и во однос на давање податоци за тие контакти, лица кои биле на погребот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

– Во насока на тоа, секаде каде што ДЗСИ има потреба го извесутва МВР и за угостителските објекти јасни се протоколите, мора да има мал број гости за да се запазат принципите на овие препораки. Многу граѓани мислат дека може на нив да не им се случи, а многу заболеа и починаа. Го амортизиравме ударот и затоа ја немаат вистинската слика. Апсолутно борбата е во почитување на мерките за враќање на животот во нормала – изјави Филипче.

– Тоа што од нас беше побарано е протокол за одржување за изборите. Во ниту еден момент од нас не се бараше тајминг за одржување на изборите. Кога ова непочитување сега во период во кој имало рестикција на движење, може да доведе од ваква бројка, сериозен е предизвикот со отворањ на границите, па сезонските грипови – додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот