Во Македонија потврдени седум пациенти инфицирани со флурона

Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта на клиника - корона пандемија / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје како резултат на паралелно тестирање на грип и на ковид-19, добиени се седум позитивни тестови на двете вирусни заболувања, односно на флурона како што стручно е именувана оваа двојна зараза, потврдуваат од Министерството за здравство за Слободен печат. До Институтот досега не се пријавени починати лица од флурона.

Првпат двојната инфекција флурона во земјава пристигна на 5 јануари, кај 26-годишен пациент од општина Зајас. Според епидемиолошката анкета, тој непосредно пред новогодишните празници се вратил во Македонија од САД каде примил вакцина против ковид-19, а се ревакцинирал непосредно пред да дојде во земјава.

Пациентот беше упатен на домашно лекување без тешка клиничка слика.

Флурона е комбинација на инфлуенца и коронавирус во исто време кај иста личност. Според Алијансата за вакцинација ГАВИ, особено кај луѓе со коморбидитети, ваквата инфекција може да ги зголеми компликациите предизвикани од ковид-19. Можноста за флурона првпат беше детектирана рано во пандемијата кај пациенти во Вухан, Кина. Вакви коинфекции почесто се очекуваат да се случат во зима, поради растот на случаите со омикрон варијантата на коронавирусот и почетокот на сезоната на грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот