Заглавен автомобил кај Пчиња / Фото : ТППЕ Старо Нагоричане

Во Кумановско се расчистува откако се излеа Пчиња, поставени се бариери

Екипи на водостопанството „Кумановско-липковско поле“, како и јавните претпријатија од Куманово и Старо Нагоричане, денеска излегоа на терен за да ги расчистат наносите и да ги санираат критичните точки по излевањето на реката Пчиња во атарот на Пелинце.

На повеќе мостови низ општината беа затекнати големи количества гранки, дрвја и отпад, кои го попречуваат протокот на реката.

Градоначалникот на Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, за МИА изјави дека механизацијата е распоредена на најризичните локации и дека засега не се пријавени материјални штети. Тој нагласи дека екипите активно работат на чистење на критичните премини и дека ситуацијата внимателно се следи.

Интервенции се вршат и околу Меморијалниот центар АСНОМ, каде што екипи на „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ од Куманово поставуваат вреќи со песок за превентивна заштита од понатамошно надоаѓање на реката.

Од Центарот за управување со кризи денеска соопштија дека Пчиња кај Пелинце и кај бањата Стрновац се излеала околу 20 сантиметри над коритото, а кај Коинскиот мост е забележано големо количество насобрани дрвја што го отежнува протокот.

Според мерењата на УХМР, водостојот на Пчиња утрово достигнал 120 сантиметри – значително повеќе од вчерашните 18 сантиметри и трипати над просечниот ноемвриски водостој.

Утрото пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале кај селото Стрновец, каде во надојдената вода бил заглавен автомобил со двајца луѓе. Возилото е извлечено, а од Територијалната противпожарна единица апелираат граѓаните да избегнуваат движење покрај реката Пчиња додека состојбата не се стабилизира.

Од обилните дождови се излеа Пчиња, извлечен заглавен автомобил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот