Во Куманово се вози непрописно, за еден ден казнети 85 возачи

Фото: МВР

Вкупно 85 возачи се казнети од 9:30 до 16:30 часот, на територија на општина Куманово во акциска контрола за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Како што соопшти МВР, 16 возачи се казнети за возење без возачка дозвола, изречени се две мерки за возење под дејство на алкохол, а четири санкции се за управување моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

23 санкции се за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), пет мерки за управување со брзина поголема од дозволената…

– На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот