Во Крушево за изборите машки глас се купувал за илјадарка, ама женски чинел 5.000
Двајца крушевчани, од кои едниот бил кандидат за градоначалник, ќе одговараат за изборен поткуп откако, според полицијата, пред првиот круг на локалните избори давале пари во замена за гласови.
Препорачано
Интересен е соодносот на парите кои тие наводно им ги дале на гласачи – кандидатот им поделил по 1.000 денари на четворица сограѓани-мажи, а другиот поткупувач, тврди полицијата, потрошил 5.000 денари за гласот на само една жена.
„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33) и Т.Ш.(36), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“. На 14.10.2025, првопријавениот дал поткуп во износ од по 1.000 денари на четири лица да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево, додека второпријавениот на едно женско лице дал поткуп од 5.000 денари со истата намера“, соопшти МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


