Во кои општини постои опасност изборите да не успеат од прва?
Според најновите податоци на Државната изборна комисија за излезноста до 17 часот, во неколку општини е забележан исклучително низок одѕив на гласачите, што отвора можност во нив да не биде избран градоначалник.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Согласно член 132 од Изборниот законик, за изборите да бидат валидни — односно за денес да може да се избере градоначалник или да се оди во втор круг за две недели — потребно е најмалку една третина (33,33%) од запишаните избирачи да излезат на гласање.
Во законот е наведено дека:
„Во првиот круг за градоначалник е избран кандидатот што добил мнозинство од гласовите, доколку гласале најмалку една третина од избирачите запишани во избирачкиот список за соодветната општина. Ако не излезат најмалку една третина од избирачите, се повторува целата изборна постапка во таа општина“.
До 17 часот, најниска излезност е регистрирана во Центар Жупа (19,15%), Врапчиште (20,94%), Маврово и Ростуше (25,89%) и Гостивар (28,02%).
Врапчиште со 14,94 отсто е со најслаб одзив на гласачите до 15 часот
Во Шуто Оризари (30,38%), Радовиш (31,57%) и Пласница (32,87%) одѕивот е нешто повисок, но сè уште под прагот од една третина, кој мора да се надмине за изборите во овие општини да бидат валидни.
Сепак, до затворањето на избирачките места постои можност овие општини да го достигнат потребниот минимум.


