Во Кина се отвора нов центар за обука на роботи со вештачка интелигенција
Се очекува кинескиот пазар на хуманоидни роботи да достигне вредност од 870 милијарди јуани до 2030 година. До 2027 година, планирано е да се соберат претпријатија, да се лансираат нови технологии и да се воспостави национална платформа, пренесува „Кина Дејл“ (Сhinadail).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Центарот за обука се наоѓа во градот Мијанг и ќе функционира како сеопфатна платформа што ги интегрира истражувањето, развојот, тестирањето, поставувањето стандарди и комерцијализацијата.
„Проектот официјално беше лансиран на 18 јули и е столб на стратегијата на Сечуан за изградба на глобално конкурентен кластер за роботика со таканаречената вештачка интелигенција инкарнирана во телото во западна Кина“, изјави за Синхуа функционер од покраинскиот оддел за наука и технологија.
Благодарение на брзиот напредок во области како што се вештачката интелигенција и големите јазични модели, кинеската роботска индустрија е во процес на забрзана трансформација, од лабораториски истражувања до масовно производство и практични апликации.
Според Кинескиот институт за електроника, пазарот на хуманоидни роботи во Кина би можел да достигне вредност од 870 милијарди јуани (121,74 милијарди американски долари) до 2030 година.
Новиот центар за обука има задача да се справи со некои од клучните пречки за глобалниот развој на вештачката интелигенција базирана на телото, вклучувајќи го недостатокот на реални сценарија за обука, недостатокот на квалитетни податоци и ограничените можности за тестирање во екстремни услови.
Покраинската влада ќе издвои посебен фонд за развој на полигонот за обука, кој, според утврдениот план, ќе помогне во комплетирањето на инфраструктурата и оперативната рамка, а воедно ќе привлече и над седум компании за роботика до крајот на 2025 година.
Целта е да се соберат над 30 компании до 2027 година, да се олесни примената на над 30 нови технологии и да се лансираат над 10 нови роботски производи, како и да се воспостави полигонот за обука како водечка национална платформа.


