Во Каталонија се сомневаат на местенки за претседателските избори

epa08775832 The president of FC Barcelona, Josep Maria Bartomeu, leaves the Camp Nou stadium after the FC Barcelona's Board of Directors meeting in Barcelona, Spain, 26 October 2020, during which the members have discussed the possibility of resigning. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Во Барселона се подготвуваат за настанот кој ќе ја одреди судбината на фудбалскиот тим во наредните години.

Новинарот Адријан Санчез доцна синоќа откри загрижувачки податок кој е поврзан со организацијата на гласањето на претседателските избори кои се закажани за 7. март.

Според неговите извори, сите членови на Барселона кои имаат право на глас добиле известување за начинот на гласање кое поради пандемијата на коронавирусот ќе се одвива преку пошта. Во офцијалниот мејл и повик за гласање за нов претседател на Барселона, се наведува дека во секој дел од градот во одредени канцеларии, ќе пристигнуваат гласачки ливчиња со нивно име кое тие треба да ги подигнат, да гласаат и да ги вратат назад.

Но, проблемот според новинарот Санчез е делот од соопштението кое вклучува „помош од трета личност“ за време на испраќањето на гласачките ливчиња во клубот. Во еден дел од соопштението се наведува дека трета личност, освен поштар, може да го собере пликот со гласачко ливче и да го однесе на потребната адреса.

Со оваа одлука, се доведува во прашање регуларноста на изборите бидејќи се отвора можност за малверзации со кражба на гласови, допишување на гласови и слични незаконски дејствија за кои веќе извесно време се пишува во Каталонија.

Сите досегашни анкети покажуваат дека Жоан Лапорта е апсолутен фаворит на изборите пред Виктор Фонт и Тони Фреикс кои со сите сили се обидуваат да го победат поранешниот претседател на Барселона.
Интересно е што зад приватните бизниси на Фонт и на Фреикс стои Годо групацијата која на чело на Барселона ги донесе Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, а во исто време е голем противник на Лапорта.
Навивачите и медиумите му веруваат на Лапорта бидејќи тој е независен, се смета за еден до најуспешните бизнисмени во Каталонија и ги одбил сите понуди да биде дел од Годо групацијата. Барселона под негово водство од 2003 до 2010 година го имаше најуспениот период во клупската историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот