Во Јапонија почина уште еден патник од крузерот „Дајмонд Принцес”

Во Јапонија, пак, од новиот коронавирус, наречен Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес”, објави телевизијата НХК, додавајќи дека починатиот имал 80 години.

Во Кина во текот на вчерашниот ден има 508 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус. Вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина изнесува 77.658, објави денеска Националната комисија за здравство на земјата.

Бројот на починати, според најновите податоци, е 2.663 лица.

Во Јапонија, пак, од новиот коронавирус, наречен Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес”, објави телевизијата НХК, додавајќи дека починатиот имал 80 години.

Јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като, сепак, изјави дека се уште е рано да се зборува за откажување на летните олимписки игри во Токио, кои почнуваат на 24 јули.

Јужна Кореја пријави 60 нови случаи на коронавирус, со што е зголемен вкупниот број на заразени лица во земјата на 893, соопшти Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот