Во јануарските сметки за струја нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, вели Бислимовски

Марко Бислимоски/ Фото: Слободен печат /Драган Митрески

-Одлуката стапи во сила од 1 јануари. Во самите сметки веќе има потрошувачка која се однесува и на јануари и поради тоа го ставиле, значи не згрешиле, но за да ја зголемиме довербата во јануарската сметка ќе го нема тој надоместок за да знаат граѓаните дека никој не остварува екстра профити и тука да бидеме начисто. Тоа го правиме едноставно за да ја зголемиме довербата помеѓу потрошувачите и помеѓу операторот на електродистрибутивниот систем. Значи, не станува збор за никаква грешка, прецизира Бислимоски.

За да се зголеми довербата кај граѓаните и да знаат дека никој не остварува екстра профит во јануарската сметка за потрошена електрична енергија која граѓаните ќе ја добијат во февруари нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, информира денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

-РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Едноставно довербата која што треба да се гради помеѓу потрошувачите од една страна и операторот на дистрибутивниот систем од друга страна мора да ја промовираме и да ја зголемуваме и во таа насока уште еднаш потенцирам дека во јануарските сметки коишто граѓаните ќе ги добиваат во месец февруари ќе го нема надоместокот од 200 денари, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека надоместокот е вкалкулиран согласно одлуката на РКЕ.

-Одлуката стапи во сила од 1 јануари. Во самите сметки веќе има потрошувачка која се однесува и на јануари и поради тоа го ставиле, значи не згрешиле, но за да ја зголемиме довербата во јануарската сметка ќе го нема тој надоместок за да знаат граѓаните дека никој не остварува екстра профити и тука да бидеме начисто. Тоа го правиме едноставно за да ја зголемиме довербата помеѓу потрошувачите и помеѓу операторот на електродистрибутивниот систем. Значи, не станува збор за никаква грешка, прецизира Бислимоски.

Појасни дека има четири отчитувачки групи и во секој месец опфаќа и период од еден месец и од тој што следи.

Апелираше граѓаните да ја искористат можност за самоотчитување на броилата.

-До РКЕ во однос на сметките за електрична енергија има стигнато помеѓу 10 и 15 поплаки од граѓани. Ние тие ги водиме како претставки и понатака бараме информација од операторот на електродистрибутивниот систем којшто е должен да ни одговори и врз основа на тие приговори потоа РКЕ носи одлуки. Значи, уште еднаш апелираме граѓаните да ја искористат можност за самоотчитување. Тоа го имаме воведено пред неколку години. Таа состојба на броилото која што ќе ја отчита граѓанинот е задолжителна за ЕВН да ја имплементира во нивните сметки, порача Бислимоски.

Граѓаните, како што кажа, претставка прво доставуваат до ЕВН Хоум, потоа ЕВН Хоум доколку ги одбие поднесуваат приговор до РКЕ.

-Ние сме второстепен орган во целата таа постапка и граѓаните се добро информирани и знаат. Тоа го работиме веќе 15-20 години, добиваме претставки од граѓаните и ние ги решаваме, посочи Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот