Во Иран уапсена познатата актерка и добитничка на Оскар, Таране Алидости

Уапсена иранска актерка/ Фото ЕПА

Иранската актерка Таране Алидости, ѕвезда на филмот награден со Оскар „Патувачкиот продавач“, беше уапсена во Иран, каде протестите за правата на жените постепено се претворија во бунт против режимот кои траат веќе четврти месец.

Позната по улогите во филмовите на иранскиот режисер Асгар Фархади, Алидости е исто така активистка за правата на жените и постојано ги поддржуваше протестите на Инстаграм кои беа поттикнати од смртта на младата Махса Амини, која беше убиена на 16 септември, откако била приведена поради непрописно носење хиџаб.

„Таранех Алидости е уапсена за неодамнешни дејствија и објавување лажни информации и содржини, за поттикнување хаос“, објави агенцијата Тасним без да прецизира во кој затвор е одведена. На 8 декември, 38-годишната актерка ги осуди властите за бесењето на Мохсен Шекари, кој беше осуден на смрт поради „водење војна против Бога“.

„Целата меѓународна организација која го гледа ова крвопролевање и не реагира е срам за човештвото“, напиша Алидостина на Инстаграм.

Во ноември таа вети дека нема да ја напушти татковината и дека ќе ја „плати цената“ потребна за да ги брани своите права. Таа најави дека ќе престане да работи за помош на семејствата на загинатите или уапсените во протестите.

Алидости е најпозната по улогата во филмот „Трговец“ на Асгар Фархади, кој освои Оскар за најдобар странски филм во 2017 година. Нивниот претходен филм „За Ели“ исто така беше номиниран за Оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот