Во Хонгконг забранети комеморации за загинатите на Тјенанмен
Демонстрациите во Тјананмен беа задушени со сила, точниот број на загинати се уште не е познат.
Првпат во три децении, полицијата во Хонгконг забрани комеморативен собир во спомен на загинатите за време на антирежимските демонстрации на плоштадот Тјананмен во Пекинг во 1989 година, а одлуката беше објаснета со опасноста од ширење на коронавирусот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хонгконг и Макао се единствените делови на кинеската територија каде се одржуваат вакви комеморации, а сега има стравувања дека ќе ги нема и во Хонгконг во наредните години, бидејќи кинеските власти имаат намера да донесат закон со кој се криминализира какво било нарушување на авторитетот на Пекинг, наведува Би Би Си.
На копнениот дел на Кина, забрането е и индиректно да се спомене она што се случи во Пекинг на 4 јуни 1989 година, кога, по неколкунеделни масовни протести, демонстрациите во Тјананмен беа задушени со сила.
Проценките за бројот на мртвите се движат од неколку стотици до неколку илјади, а кинеските власти никогаш официјално не објавија колку лица го загубиле животот во тоа време, потсетува Би Би Си.


