Во Германија поднесена тужба поради наводна тортура од режимот на Лукашенко

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Тужбата е поднесена поради полициската репресија иницирана од белорускиот режим летото 2020 година, по реизборот на Лукашенко.

Десет противници на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко поднесоа жалба до Германија за наводни дела „тортура” извршени од тој режим, соопшти денеска германското Федерално обвинителство.

Тужбата е поднесена поради полициската репресија иницирана од белорускиот режим летото 2020 година, по реизборот на Лукашенко.

Тужителите се повикуваат на дела на „државна тортура”, што може да биде предмет на кривично гонење од германското судство, во рамките на универзалната надлежност за злосторства против човештвото и системската политика на репресија.

Делата на наводната тортура се однесуваат, како што е наведено во тужбата, на „неосновано апсење, тортура и лошо постапување при притвор … физичко насилство, понижување, закани и навреди”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот