Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

Германија, ковид 19 / Фото: Архива

Според уредбата, што завчера, по Долниот дом на германскиот Парламент, ја одобри и Бундестагот, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го прележале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.

Во Германија денеска стапи на сила владината уредба според која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.

Според уредбата, што завчера, по Долниот дом на германскиот Парламент, ја одобри и Бундестагот, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го прележале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.

Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Како целосно вакцинирани се сметаат луѓето кои примиле две дози од вакцината и поминале две недели по приемот на втората доза. 

Претходно, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние кои сè уште не добиле можност да се вакцинираат.

Тој им порача на вакцинираните дека кон оние кои сè уште не се вакцинирани треба да се однесуваат „со почит и без триумфализам”.

Заклучно со петокот, 7,6 милиони граѓани (9,1 процент) во Германија ги примиле и двете дози од вакцината, претежно постари граѓани кои биле во приоритетни групи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот