Германија ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во Германија се шири нов сој на ковид – „Франкенштајн“

Со доаѓањето на есента, нови варијанти на вирусот што предизвикува ковид-19 повторно се шират низ Европа. Во Германија моментално доминира сојот ХФГ (XFG), кој медиумите го нарекоа Франкенштајн“. Овој сој е поврзан со непријатен симптом – силна болка во грлото, заедно со другите типични знаци на болеста, објави Евроњуз.

Зошто го нарекуваат „Франкенштајн“?

Прекарот не е случаен. Како и митското чудовиште составено од различни делови на телото, варијантата ХФГ претставува рекомбинација, односно мешавина од две постоечки подлинии на вирусот – Лф.7 и ЛП.8.1.2. Вирусите природно мутираат со текот на времето, а терминот „Франкенштајн“ за ваквите рекомбинантни соеви првпат почна да се користи по појавата на варијантата Омикрон во Јужна Африка кон крајот на 2021 година.

Колку е распространет и дали има причина за загриженост?

Варијантата ХФГ, позната и под техничкото име „Стратус“, станала се почеста во Германија и во неколку други европски земји од средината на 2025 година.

Иако бројот на инфекции се зголеми во последните месеци, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) забележува дека трендот сега се стабилизира.

Светската здравствена организација (СЗО) и ECDC ја класифицираа ХФГ каковаријанта под надзор“, што значи дека научниците внимателно ја следат, но таа засега не претставува сериозна закана. И германскиот Институт Роберт Кох (RKI) го оцени ризикот од оваа варијанта како низок.

Кои се симптомите и што велат експертите?

Иако медиумите често ја споменуваат „острата, како брич сензација во грлото“ како карактеристичен симптом, експертите предупредуваат дека нема докази дека овој симптом е специфичен токму за ХФГ. Силната болка во грлото и засипнатоста можат да се појават и кај други респираторни инфекции, како што е грипот.

Затоа, според лекарите, само врз основа на симптомите не може сигурно да се разликува ковид-19 од други сезонски вируси. Тестирањето, нагласуваат тие, останува единствениот сигурен начин за потврда на инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот