Во Германија 8.000 луѓе повикани на повторна вакцинација- им бил даден физиолошки раствор наместо вакцини

epa-efe
Вакцинација во Германија. / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD / POOL

Здравствените власти на северот на Германија повикаа 8.000 луѓе да ја повторат вакцинацијата поради сомневање дека медицинската сестра им дала физиолошки раствор, а не вакцина против вирусот Ковид -19.

Полицијата го истражува инцидентот што се случил во центарот за вакцинација во Фрисланд, во близина на Северното Море, пренесува Би -Би -Си.

Осомничената медицинска сестра претходно признала дека на пациентите им дала физиолошки раствор наместо вакцина бидејќи скршила неколку ампули и немала веќе со што да ги вакцинира пациентите.

Полицијата пак соопшти дека  открила  дека има многу повеќе луѓе кои  примале солен раствор наместо вакцина „Фајзер / Бионтек“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот