Во Ѓаковица се протестираше за Томор Морина - Слободен печат

Во Ѓаковица се протестираше за Томор Морина

Во Ѓаковица денеска беше организиран мирен протест за ослободување на поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, уапсен од македонските власти пред една недела.

На протестот организиран од Организацијата на воените ветерани на ОВК, огранокот во Ѓаковица, учествуваа роднини на паднатите борци на Косово, како и многу граѓани.

Како што јавува Клан Косова, на протестот му се приклучи и градоначалникот на Ѓаковица Ардијан Ѓини, кој побара итно ослободување на Томор: „Во секој од нас денескa има гнев и со потполно право. Бесмислено е и дваесет години по војната, оние што направиле злосторства, бараат да нè казнат. Го сакаме Томор што е можно побрзо меѓу нас, во неговото семејство и меѓу неговите пријатели “.

Ѓини исто така рече дека актуелниот премиер Рамуш Харадинај имал разговори со државните власти на Северна Македонија и дека сè наскоро ќе се конкретизира.

Инаку, Морина е уапсен при обид за влез во земјава на граничниот премин „Блаце“. За влез во земјава приложил патна исправа на Косово. Потерницата по Морина е од поодамна, а Србија го бара него како свој државјанин, не како државјанин на независно Косово, кое како држава е членка и на Интерпол.

Прочитај повеќе

Едните ќе нѐ прават технолошки џин, другите економски тигар на Балканот!

Слободанка Јовановска

Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат

Владата ги поништи решенијата на Мизрахи за разрешување директори на центрите за социјална работа

Слободен печат

Тачи ќе соработува со Курти за приближување на Косово кон ЕУ и НАТО

Слободен Печат

Косовски медиуми: Авиолинијата Белград – Приштина ја загрозува независноста на Косово

Слободен Печат

Голем пожар во зграда во Загреб (ВИДЕО)

Слободен Печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 01/08/2019 - 07:11 at 07:11

Заборавија на терорите и убиствата што ги правеа. За терористи, се знае што следува.

Reply

Остави Коментар

17 − 13 =

Прочитај повеќе

Најмалку 23 цивили загинаа во руски воздушен напад во Сирија

Слободен Печат

Расправија во Сенатот за правилата на процесот на импичмент на Трамп

Слободен печат

Столтенберг: НАТО мора да ги засили обуките во Ирак за да не се повтори борбата против ИД

Слободен печат

Зголемувањето на платите во јавниот сектор во Шпанија државата ќе ја чини 3,21 милијарди евра

Слободен Печат

Владата обезбеди материјална помош и домување за Атиџе и осумчленото семејство во „Медена земја“

Слободен Печат

Најнова месечна прогноза: Заврши зимата во Европа

Слободен печат