Вештачка интелигенција/ Илустрација: Пиксабеј

Во ЕУ од денес важат нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција

Нови правила за транспарентност за моделите за вештачка интелигенција (ВИ) за општа намена како ChatGPT и Gemini стапија на сила денес низ цела Европска Унија, како дел од значајниот закон за вештачка интелигенција донесен минатата година.

Според новите правила, програмерите мора да откријат како функционираат нивните модели и кои податоци биле користени за нивна обука, објавува Хина.

За особено напредните модели, кои се сметаат за потенцијални ризици за јавноста, безбедносните мерки исто така мора да бидат документирани.

Вештачката интелигенција за општа намена се однесува на системи што можат да се користат за широк спектар на цели, како што се генерирање текст, анализа на јазик или пишување код.

Законот делумно е наменет за подобра заштита на авторските права.

Програмерите сега мора да ги пријават изворите на нивните податоци за обука и дали користеле автоматско собирање податоци од веб-страници, како и да ги наведат чекорите преземени за заштита на интелектуалната сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот