Во Египет откриени христијански урнатини кои ја потврдуваат „природата на монашкиот живот“ во тој регион

twitter

Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети.

Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср ал-Aгуз во оазата Бахарија откри неколку градби направени од базалт и од тули од кал“, се вели во соопштението до јавноста.

Комплексот е составен од „шест сектори кои содржат уртанити на три цркви и монашки ќелии на чии ѕидови има графити и симболи со коптски конотации“, рече Осама Талаат, шефот на одделот за исламски, коптски и еврејски антиквитети во министерството.

Шефот на мисијата Виктор Гика изјави дека биле откриени во 2020 година.

Ѕидовите на црквата биле украсени со „верски натписи“ и библиски пасуси на грчки јазик, откривајќи ја „природата на монашкиот живот во регионот“, вели Гика, потврдувајќи дека тоа јасно покажува дека монасите биле присутни во тој регион од петтиот век од нашата ера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот