Во Црна Гора Десет медицински лица заразени, над 200 во самоизолација

Ковид-19 во Црна Гора/ Фото: ЕПА

Заразените медицински работници биле изложени на вирусот Ковид-19 надвор од нивното работно место.

Речиси десет проценти од 105 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Црна Гора се медицински професионалци, додека 237 се изолирани во домашна изолација, објавија властите во Подгорица.

Институтот за јавно здравје соопшти дека се заразени шест лекари и четири медицински сестри.

Беше посочено дека заразените медицински работници биле изложени на вирусот Ковид-19 надвор од нивното работно место.

Од над 200 медицински работници кои се самоизолирани, половина од нив дошле во Црна Гора од странство, па морале да бидат во изолација две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот