Центар Жупа / Фото: МИА

Во Центар Жупа отворени сите гласачки места, се гласа без проблеми   

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник.

-Од 7 часот отворени се сите 16  гласачки места и изброниот тек се одвива нормално. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден. Во единствениот избирачки список запишани се 7.077 лица со право на глас, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од 17 октомври минатата година, рече Неџип Илјаз,  претседател на Општинската изборна комисија.

Вчера во оваа општина гласаа 52 болни и изнемоштени лица.

Во трка за градоначалничкото место се двајца кандидати, предложени од политички партии.

Во оваа печалбарска општина, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи излезноста беше 25,77 отсто и не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 33,3 отсто од вкупно, тогаш,  запишаните 7.317 гласачи.

Познати бизнисмени во Италија од ова општина, обезбедија бесплатен превоз и од вчера попладне неколку стотина иселеници прситигнаа за да гласаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот