Локални избори 2025 / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Во Центар Жупа гласаа две болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени

Во Општина Центар Жупа, правото на глас во домашни услови денеска го искористија две болни и изнемоштени лица, колку што и беа пријавени.

-До Општинската изборна комисија барање доставија две лица и истите беа прифатени, а денеска гласаа. На изборите на 19 октомври минатата година за да го остварат правото на глас беа пријавени 12 лица, колку што и беа прифатени а гласаа 11 лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на комисијата.

Во оваа општина изборот за градоначалник се повторува поради необезбеден цензус од 33,33 отсто од гласачкото тело, а во трка беа тројца кандидати.

Сега на гласачкото ливче е само еден кандидат и како што е познато не е потребен цензус. Но, потребно е да добие повеќе од половината гласови од излезените избирачи (50% + 1 глас).

-Ќе се гласа на 16 гласачки места а во единствениот избирачки список запишани се 7562 лица, што е за 11 повеќе од 19 октомври, кога ова право го остварија 21,49 отсто од вкупно запишаните 7551 гласачи. Изборниот материјал е распределен и очекуваме утрешниот изборен процес да мине во најдобар ред, рече Илјаз.

Општина Центар Жупа, која е позната по масовната миграција според последниот попис има 3720 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот