Фото: Горан Герасимовски

Во Центар се врши пролетна дератизација на шахтите

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска информираше дека Општината ја започнала редовната пролетна дератизација на целата територија.

Во рамки на акцијата се третираат околу 2.000 шахти, каде се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари.

-Активноста се спроведува двапати годишно – во пролет и есен, како превентивна мерка за намалување на штетниците и заштита на јавното здравје. Препаратот што се користи е селективен и сертифициран од овластен производител- посочува градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот